• понеделник, 23 декември 2024

Пријава за физички напад против две лица од липковско Опае за тепачката во Куманово

Пријава за физички напад против две лица од липковско Опае за тепачката во Куманово

Куманово, 20 ноември 2023 (МИА) - Кумановската полиција ќе поднесе пријава против две лица од липковското село Опае, бидејќи ги сомничи за физички напад врз две лица во центарот на Куманово, соопшти денеска полицијата. Видеото од физичкиот напад синоќа се прошири на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.

СВР Куманово утрово информираше дека работи на расчистување на случајот, откако триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.

- Денеска во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека вчера, околу 19:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово, наведува во соопштението СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ам/ир


Фото: МИА архива 

Остани поврзан