• четврток, 04 декември 2025

Притвор за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити

Притвор за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити

Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) - Притвор е одреден за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Скопје во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода скопјанецот Б.А., на возраст од 25 години.

- Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР - Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признало делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка - притвор од 30 дена, појаснија од МВР. бд/вј/

Фото: „Фејсбук“-страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан