• петок, 22 ноември 2024

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Во пожарот што  избувна пред  една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан