• петок, 22 ноември 2024

Принцот Чарлс страда од губиток на мирис и вкус по заразата со коронавирус

Принцот Чарлс страда од губиток на мирис и вкус по заразата со коронавирус
Лондон, 15 јуни 2020 (МИА) - Принцот Чарлс вели дека сè уште не го вратил своето чувство за мирис и вкус откако се зарази со коронавирусот во март. Престолонаследникот говореше за својата здравствена состојба и искуството од заразата за време на посетата на Кралската болница во Глочестершир. Тој беше придружуван од неговата сопруга - војвотката од Корнвол, Камила. Притоа, тие ги следеле правилата на физичка оддалеченост од два метра. На 71-годишниот принц му беше дијагностицирана инфекција со Ковид-19 многу бргу по прогласувањето пандемија. Колку што е познато, тој имал само благи симптоми на болеста, а стручните лица сметаат дека губењето на чувството за мирис е еден од главните симптоми. Војвотката од Корнвол рече дека минатиот викенд ја оствариле својата прва средба со внуците по подолго време, нагласувајќи дека тоа е „одличен третман“ за болеста, иако прегратките се уште не се дозволени. си/сд/

Остани поврзан