• недела, 22 декември 2024

Принцот Чарлс прописно добил куфер со милион евра од поранешен катарски премиер

Принцот Чарлс прописно добил куфер со милион евра од поранешен катарски премиер
Лондон, 27 јуни 2022 (МИА) - Принцот од Велс, британскиот престолонаследник Чарлс, според запазените правила и прописи, добил куфер со еден милион евра во кеш од поранешен катарски премиер. А, како што се наведува, ова е едно од трите парични даренија на шеикот Хамад бин Џасим во вкупен износ од три милиони евра, пишува „Сандеј тајмс“. Се тврди дека парите биле предадени на состанок во „Кларенс хаус“, наводно, во голема патна торба, или торби на стоковната куќа „Фортнум и Мејсон“. Даренијата на шеикот веднаш биле проследени во една од добротворните организации на принцот и, наводно, сѐ тоа било според пропишана процедура. Во соопштението на „Кларенс хаус“ се вели: „Добротворните донации добиени од шеикот Хамад бин Џасим веднаш беа проследени до една од добротворните организации на принцот, беа извршени соодветни контроли и тоа нѐ увери дека сѐ е направено согласно пропишаните процедури“. Според наводите, принцот лично примил три парични донации од поранешниот премиер во периодот од 2011 до 2015 година. Засега нема индиции дека плаќањата биле незаконски.   си/

Остани поврзан