Примопредавање на функцијата директор во Центарот за управување со кризи
- Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Аљи, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби.
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) – Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Аљи, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби.
-Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање и брзата реакција во случаи на криза, истакна Али, објави ЦУК на Фејсбук.
Центарот за управување со кризи останува клучна институција во системот за заштита на населението и координација при справување со кризни ситуации од различна природа.
На денешната церемонија, на досегашниот директор Стојанче Ангелов му беше изразена благодарност за неговиот ангажман и придонес во унапредувањето на работата на Центарот.
Ангелов беше избран за в.д директор на Дирекцијата за заштита и спасување. ев/лв/
ФОТО: Фејсбук