• четврток, 21 ноември 2024

Прилеп очекува предлози за наградите за Денот на ослободувањето - 3 Ноември

Прилеп очекува предлози за наградите за Денот на ослободувањето - 3 Ноември

Прилеп, 13 септември 2022 (МИА) - Прилеп го отвори конкурсот за пријавување и доставување предлози за доделување на највисоките општински признанија по повод денот на ослободувањето на градот - 3 Ноември. Предлозите до Комисијата за одбележување значајни празници и манифестации може да ги доставуваат организации и поединци за заслужни граѓани и правни субјекти кои придонесле за развојот на градот.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и во политичкиот живот.

Игор Николоски, претседател на општинската Комисија вели дека секој може да предложи, но и да достави образложение.

-Предлог за доделување награди и признанија може да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти. Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3 ноември 2021 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област, вели Николоски.

Градот на денот на празникот, 3 Ноември, свечено ги доделува плакетите и признанијата на заслужните поединци и организации и за животно дело. ем/вг/

Остани поврзан