• четврток, 25 декември 2025

Приведен 70-годишен кавадарчанец, пријавен за физички напад врз сопругата

Приведен 70-годишен кавадарчанец, пријавен за физички напад врз сопругата

Кавадарци, 2 септември 2025 (МИА) - Седумдесетгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Денеска во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Ф.М., постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна сопруга, дека во близина на семејниот дом, физички ја нападнал. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија оттаму. свд/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан