Приведен 26-годишник од кумановско Романовце, баран за издржување казна затвор
- Тој бил баран по потерница, врз основа на наредба од Основен суд - Куманово за издржување казна затвор од една година.

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Во кумановското село Романовце, вчера во 12.30 часот, полициски службеници го привеле 26-годишниот С.Ш., кој бил баран по потерница, врз основа на наредба од Основен суд - Куманово за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот законик. За ова информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
С.Ш. бил спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за издржување на казната. бд/дма/
Фото: МИА архива