• недела, 22 декември 2024

Приведен 18-годишник кој влезе на терен и удри фудбалер во Тетово

Приведен 18-годишник кој влезе на терен и удри фудбалер во Тетово
Тетово, 1 октомври 2022 (МИА) - Осумнаесетгодишно момче од Тетово е приведено во полициска станица поради тоа што за време на фудбалски натпревар влезе на фудбалскиот терен и нападна фудбалер на гостинската екипа. Тој по нападот избегал од стадионот, а е приведен подоцна. Инцидентот се случи пред самиот крај на второлигашкиот фудбалски дуел Тетекс-Каменица Саса што се играше на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт. -Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип. Тој е задржан во Полициската станица Тетово, информира СВР Тетово. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. ас/рп/

Остани поврзан