• понеделник, 13 мај 2024

Приведен скопјанец кој нападнал полициски службеник

Приведен скопјанец кој нападнал полициски службеник

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Скопјанец бил приведен во текот на вчерашниот ден, затоа што физички нападнал полициски службеник, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Во 16:30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Т., на возраст од 34 години, затоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, се појаснува во соопштението на МВР. 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан