• понеделник, 23 декември 2024

Приведен претседателот на Бенфика

Приведен претседателот на Бенфика
Лисабон, 7 јули 2021 (МИА) – Претседателот на португалскиот фудбалски гигант Бенфика, Луис Фелипе Виеира, е приведен денеска поради сомнение за измама и затајување данок, јавија локалните медиуми. Извршени се вкупно 45 претреси на повеќе локации во Лисабон и Брага, а „уапсени се четири лица, меѓу кои двајца бизнисмени, спортски менаџер и претседателот на клуб“, соопшти Обвинителството, без да го именува челникот на Бенфика. Обвинителството посочи дека истражува „факти што се случиле од 2014 година до денес, а се однесуваат на повеќе кривични дела за измама, фалсификување, перење пари и затајување данок“. Луис Фелипе Виеира (72) е на чело на чело на Бенфика од 2003 година. ег/

Остани поврзан