Приведен малолетник поради кражба на велосипед
- а подрачјето на Ѓорче Петров полицијата синоќа во 21:15 часот лишиле од слобода малолетник од село Чајлане-скопско, поради кражба на велосипед.

Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - На подрачјето на Ѓорче Петров полицијата синоќа во 21:15 часот лишила од слобода малолетник од село Чајлане-скопско, поради кражба на велосипед.
Тој, како што соопшти МВР, се сомничи дека на 04.09.2022 во паркот во Ѓорче Петров одзел велосипед, кој бил пронајден и вратен на оштетениот.
Според МВР, известен бил Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. сст/лв/