Приведен малолетник на подрачјето на Центар заради поседување марихуана
- Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во централното подрачје на главниот град привеле малолетник кај кого била пронајдена марихуана, соопшти МВР.
![Приведен малолетник на подрачјето на Центар заради поседување марихуана](https://mia.mk/images/20250209114020_big_730x400_95.webp )
Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) -Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во централното подрачје на главниот град привеле малолетник кај кого била пронајдена марихуана, соопшти МВР.
-На 8.02.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од населба Илинден, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од МВР.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. вг/
Фото: МИА Архива