• сабота, 17 мај 2025

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години и 10 месеци

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години и 10 месеци

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Четириесет и четиригодишен скопјанец вчера е приведен при обид илегално да ја премине државната граница од Република Северна Македонија во РепубликаГрција. Тој бил баран со потерница за затворска казна од четири години и 10 месеци.

Како што соопшти МВР, вчера во 14:20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А.(44) од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница од Северна Македонија во Грција.

При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. С.А. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Штип. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан