• петок, 28 јуни 2024

Приведен дилер на дрога од Кичевско

Приведен дилер на дрога од Кичевско
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Кичевската полиција синоќа околу 22 часот го лишила од слобода Г.Д. (43) од кичевското село Гарани. При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот автомобил „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле и одзеле седум ќеси со бела прашкаста материја. Како што информира денеска МВР, исто така, при претрес извршен во неговиот дом, биле пронајдени и одземени куршум калибар 7,62 милиметри, 42 банкноти од различни валути и апоени, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/сп/

Остани поврзан