• понеделник, 23 декември 2024

Приведен гостиварец по распишана централна потерница

Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Скопје, 25 јуни 2022 (МИА) - Полициските службеници од Гостивар вчера на улицата „Борче Јовановски“ го лишија од слобода гостиварецот Ј.Е. (30), за кого била распишана централна потерница. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, за Ј.Е. била распишана потерница по претходно издадена наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, со која се барал за доиздржување на казна затвор. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Куманово за доиздржување на казната. бт/сп/

Остани поврзан