Приведено 59-годишно лице за палење оган кај автопатот Скопје - Тетово
- Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, утрово околу осум часот било пријавено дека по наплатната станица „Глумово“, едно лице подметнува пожар.
Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Едно лице било лишено од слобода, откако полициски службеници го затекнале како пали оган во близина на автопатот Скопје - Тетово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, утрово околу осум часот било пријавено дека по наплатната станица „Глумово“, едно лице подметнува пожар.
- Полициски службеници излегле на местото и го затекнале 59-годишниот Р.З. од село Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, појаснуваат од МВР.
Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерството за внатрешни работи