Приведен крадец баран со централна потерница
- Во Скопје на бул.„Александар Македонски“ вчера во 17.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(20) од Скопје.
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Во Скопје на бул.„Александар Македонски“ вчера во 17:30 часот полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(20) од Скопје.
Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“.
Како што информираа од МВР, лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/бак/