• недела, 22 декември 2024

Приведени уценувачи, барале пари од девојка за да не објават компромитирачка содржина

Приведени уценувачи, барале пари од девојка за да не објават компромитирачка содржина
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) -  По добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираа дека веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното Обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. см/сп/

Остани поврзан