• петок, 05 декември 2025

Приведени сопружници во Неготино, обвинети за физички напад врз неговиот татко

Приведени сопружници во Неготино, обвинети за физички напад врз неговиот татко

Неготино, 27 ноември 2025 (МИА) - Во Неготино приведен бил брачен пар, обвинет за физички напад врз таткото на сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 23:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 42-годишен неготинец и неговата 36-годишна сопруга, постапувајќи по претходна пријава, дека во семејниот дом физички го нападнале нивниот 71-годишен татко, односно свекор, појаснија оттаму.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што истакнаа, против брачниот пар ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан