• петок, 05 декември 2025

Приведени крадци во Скопје, расчистени три кривични дела

Приведени крадци во Скопје, расчистени три кривични дела

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода К.А. (20) од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на 06.05.2025 во угостителски објект во Скопје, на подрачје на Центар, од каде одзел повеќе предмети.

По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Скопје ќе поднесе соодветни пријави и против С.К. (42) од Скопје поради сторени кривични дела „кражба“ и „одземање на моторно возило“.  

- Во службен разговор во полициска станица тој признал дека на 18.05.2025 одзел возило „голф“, сопственост на Н.Д. од Скопје, а од објект во градба, сопственост на М.Ј., на 26.04.2025 одзел предмети, соопшти МВР. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан