Приведени дрвокрадци во радовишко
- Полицијата вчера ги лишила од слобода М.О.(69) и Ш.Ј.(45) од село Бучим кои во атарот на селото биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои ги товарале во трактор со приколка.
Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Полицијата вчера ги лишила од слобода М.О.(69) и Ш.Ј.(45) од село Бучим кои во атарот на селото биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои ги товарале во трактор со приколка.
- Од вработени во Шумска полиција Радовиш тракторот и приколката биле одземени, а при лишувањето, Ш.Ј. агресивно се однесувал кон полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР. лв/
фото: МИА архива