• петок, 05 декември 2025

Приведени дебрани кои пукале со пиштол на домашна веселба

Приведени дебрани кои пукале со пиштол на домашна веселба

Дебар, 4 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од полициската станица Дебар лишиле од слобода жители на градот, кои на семејна веселба пукале со пиштол.

-Во 15 минути по полноќ полициските службеници од слобода го лишија Ф.П. (28) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека претходно од огнено оружје - пиштол пукал на семејна веселба.  Исто така, синоќа во 22:45 часот, е приведен Б.Ч.(31) од Дебар кој претходно, на семејна веселба во градот, извршил испукување на повеќе куршуми од сигнален пиштол што го поседувал без соодветна потврда, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

И во двата случаја пиштолите биле одземени, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пукањето на домашни веселби последните денови зачести, за разлика од претходните неколку години, кога ваквата појава речиси беше искоренета. Пред повеќе години беше редовна појава. Пукање се слушаше и синоќа.

Претходно на 29 јули полициските службеници го приведоа А.М.(30) од Дебар кој, на семејна веселба во Дебар испукал повеќе куршуми од гасен пиштол, кој нелегално го поседувал. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан