• петок, 05 декември 2025

Приведени две лица поради пукање на семејна веселба во Куманово

Приведени две лица поради пукање на семејна веселба во Куманово

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни работи - Куманово го расчисти случајот со пукањето на семејна веселба, што беше споделен на социјални мрежи, извршен е претрес и приведени се две лица, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од СВР - Куманово во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода С.М. и С.М., на возраст од 30 и 25 години, двајцата кумановци. Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за што постои сомнение дека со нив пукале на веселбата, појаснија од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица. Како што истакнаа од МВР, по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/вј/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан