Приведени двајца криумчари, пронајдени 11 лица мигранти
- На автопатот Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови неготинско, вчера вечер граничната полиција кај двајца струмичани во патничко возило пронашла 11 мигранти од кои девет биле малолетници. Криумчарите се задржани во полиција, а мигрантите спроведени во прифатен центар.
Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - На автопатот Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови неготинско, вчера вечер граничната полиција кај двајца струмичани во патничко возило пронашла 11 мигранти од кои девет биле малолетници. Криумчарите се задржани во полиција, а мигрантите спроведени во прифатен центар.
-Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Џ.Џ.(19) и М.А.(18), двајцата од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Џ.Џ., а совозач бил М.А., биле пронајдени 11 лица мигранти од Египет, од кои девет малолетници. Мигрантите биле спроведени во Прифатен центар Винојуг во Гевгелија, а Џ.Џ и М.А. биле задржани во полициска станица, соопшти МВР.
По документирање на настанот, полицијата информира дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бк/са/
Фото: МВР