Приведена 58-годишна жена од неготинско за физички напад и закани кон снаата
- Педесет и осумгодишна жена од неготинско село била приведена, откако била пријавена за физички напад и закани кон снаата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Неготино, 28 октомври 2024 (МИА) - Педесет и осумгодишна жена од неготинско село била приведена, откако била пријавена за физички напад и закани кон снаата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 21:05 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино ја лишиле од слобода К.У. од неготинско село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 32-годишна снаа за син и ѝ се заканувала, појаснуваат од СВР - Велес.
Како што додаваат оттаму, К.У. била приведена во полициска станица и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/бд/
Фото: МИА архива