• четврток, 26 март 2026

Претставници на Македонците учествуваа на средба во Кукс посветена на  самоидентификацијата на националните малцинства

Претставници на Македонците учествуваа на средба во Кукс посветена на  самоидентификацијата на националните малцинства

Дебар, 10 март 2026 (МИА) - Претседателката на македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија" Елена Симонофски и Марјана Костофски, претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства, што е орган на албанската влада, учествуваа на тркалезната маса посветена на формуларот за само-идентификација на националните малцинства. 
 
Настанот се одржа во северниот албански град Кукс, во организација  од Министерството за внатрешни работи, во соработка со Комитетот за национални малцинства а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Албанија и Советот на Европа. 
 
- За време на средбата се дискутираше за значењето на слободната и точна само-идентификација на граѓаните кои припаѓаат на националните малцинства, како важен елемент за гарантирање на нивните права и за креирање по инклузивни јавни политики, информираше Симонофски. 
 
Средбата, додава, претставуваше вреден простор за дијалог помеѓу претставници на институции, организации и заедници, нагласувајќи ја потребата од поголема информираност и подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на овој процес.  
 
Со цел целосно запознавање на невладите организации и со тоа и на припадниците на малцинствата,  вакви средби се планирани и во други окрузи, меѓу нив и во Корча каде територијално припаѓа Општина Пустец,  населена со Македонци, кои во голем број ги има и во други делови но и во градот Корча. вт/са/ 
 
Фото: Здружение "ВМРО ДПМНЕ Албанија"

Остани поврзан