• петок, 22 ноември 2024

Претставен новиот „Ламборџини стерато“

Претставен новиот „Ламборџини стерато“
Рим, 28 јули 2022 (МИА) - „Ламборџини“, најверојатно, се подготвува да почне производство на „совршениот суперавтомобил за современиот свет“, кој ќе биде удобен, оспособен за потежок терен и ќе има големо забрзување. По тригодишно затишје кога е во прашање овој модел, објавено е и ново кусо видео на коешто е прикажан прототипот „Стерато“ во акција. Изгледа дека нештата се насочуваат кон производство, и ако е слично на концептот од 2019 година, новото возило ќе се заснова на „Хуракан ево“ со стандарден 5,2-литарски атмосферски „В-10“ мотор со 630 коњски сили. Концептот се разликува од стандардниот автомобил по суспензијата, а висината на возењето беше зголемена за 47 мм., што го зголеми растојанието од подлогата, како и аглите на приближување и оддалечување. Променети се амортизерите и геометријата на суспензијата, поставени се масивни тркала, како и нови предни крила за да се компензира поместувањето од 30 мм. на предната оска. Исто така, има повеќе аеродинамични компоненти, ролна кафез, поудобни седишта, алуминиумски под и друго. Цената, бројот на произведени примероци, времето на испорака и други слични податоци сѐ уште не се познати.  си/ https://youtu.be/80laZ9owFDA

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан