Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт
- Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и советникот на Судот Татјана Јањиќ-Тодорова учествуваат на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата (ACCF), што се одржува во Букурешт од 6 до 8 мај. Костадиновски, како што соопшти Уставниот суд, денеска присуствува на работниот состанок на членовите на ACCF.
Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и советникот на Судот Татјана Јањиќ-Тодорова учествуваат на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата (ACCF), што се одржува во Букурешт од 6 до 8 мај. Костадиновски, како што соопшти Уставниот суд, денеска присуствува на работниот состанок на членовите на ACCF.
Треба да бидат донесени одлуки на повеќе теми меѓу кои: предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“ предложен од ACCF, гласање од страна на Генералното собрание, презентација на кандидатурите за членови на Бирото на ACCF за периодот 2025–2028, презентација на барањето за членство на Уставниот суд на Косово, презентација на тригодишната програма на ACCF за периодот 2025–2028 година.
Костадиновски во рамки на работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт, имаше средба со делегацијата на Египетскиот врховен Уставен суд, судиите Ала Ахмет и д-р Фатма Елразаз. На средбата египетската делегација искажа интерес за надлежностите на Уставниот суд на Република Северна Македонија и особено за темата „Живиот конституциунализам” на која претседателот Костадиновски имаше обраќање на првата сесија.
Заеднички беше договорено во наредниот период да се унапреди билатералната соработка меѓу двата суда, со организирање на посети, развивање на дијалог и размената на знаења и информации од важност за уставното судство, се вели во соопштението од Уставниот суд.са/
Фото: Уставен суд