• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Перу предлага референдум за укинување на пратеничкиот имунитет

Претседателот на Перу предлага референдум за укинување на пратеничкиот имунитет
Лима, 6 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Перу, Мартин Вискара најави дека ќе распише референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за одземање на пратеничкиот имунитет. Најавата на Вискара е пред престојните претседателски и парламентарни избори, што треба да се одржат во април 2021 година. Тој наведе дека е неоходен референдум откако перуанскиот Конгрес одби да го укине пратеничкиот имунитет, иако сите кандидати ветија во предизборната кампања. - Веднаш надвладеаја разногласијата, интересите и политичките пресметки. Поради тоа... објавувам дека ќе предложам реформа за укинување на пратеничкиот имунитет на референдум, така што перуанскиот народ ќе одлучи слободно и демократски преку гласање дали таква мерка ќе се применува или укине, посочи Вискара. Конгресот, кој беше избран во јануари, досега не ги изгласа реформите против корупцијата и не го укине претаничкиот имунитет. ми/

Остани поврзан