• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на НДП Мемеди во официјална средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Претседателот на НДП Мемеди во официјална средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Скопје, 14 јануари 2020

Претседателот на НДП Весел Мемеди, придружуван од генералниот секретар Сухелј Фазлиу и потпретседателот на НДП г-ѓа Лулјета Азири денес се сретнаа со Италијанскиот Амбасадор во земјата г- Карло Ромео. На оваа многу пријателска средба се разговараше за многу прашања и теми што го карактеризираат политичката актуелност во земјата па и пошироко во регионот. 

Претседателот на НДП Мемеди на почетокот му изрази благодарност на Амбасадорот Ромео за целата подршка и помош што Италија има понудено на нашата земја, во текот на нашиот долг пат кон нашите стратешките цели, НАТО и ЕУ, и дека Италија ќе продолжи и понатаму да ја понуди истата подршка и помош кон почетокот на започнување на преговорите со ЕУ, пред и во текот на Самитот на ЕУ што ќе се одржи во Мај во Загреб.   

Претседателот на НДП Мемеди исто така го запозна Италијанскиот Амбасадор, неговата екселенција г- Ромео, дека во времето кога НДП беше дел од владата, НДП има оставено неизбришливи траги во најкруцијалните моменти за државата и за регионот, и поради овој факт, НДП никогаш нема да направи пазарење, под никаква цена, и во периодот што предстоји, бидејќи овие високи демократски вредности се водич на нашето политичко делување. Претседателот Мемеди нагласи дека западниот свет има платено голема цена во минатото за дисеминација на демократските вредности низ целиот свет, и поради тоа не треба никогаш да се дозволи, од ниту еден, да овие западни вредности бидаат девалвирани или да бидаат изедначени со идеологии од минатото. Грижата за безбедноста на земјата и на регионот, треба да оди паралелно и со самата грижа за демократија, правото, и вистината, нешто што не било така во овие триесет години од почетокот на плурализмот во земјата, нагласи помеѓу другото претседателот Мемеди.   

Италијанскиот Амбасадор г- Ромео, нагласи дека Италија има дадено безрезервна подршка за Северна Македонија, и ќе продолжи да го направи истото и во периодот што предстоји, имајќи предвид дека земјата е дефакто членка на НАТО, и покрај сите различни размислувања од страна на некои членки на ЕУ, Италија многу брзо ќе предложи да се отвораат преговорите за членство во ЕУ за Северна Македонија, со голема надеж дека ова може да се направи пред или во текот на Загребскиот Самит во Мај годинава. Италијанскиот Амбасадор г- Ромео, му се заблагодари на претседателот на НДП Мемеди за конструктивноста на неговиот политички субјект во круцијалните моменти за државата, и дека овој субјект ќе продолжи да биде конструктивен и во иднина за земјата, а зошто да не и за целиот регион. 

Служба за Информирање – НДП

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан