• недела, 22 декември 2024

Претседателот на МД „Илинден“ Ѓурѓај на средба со Никола Мицевски

Претседателот на МД „Илинден“ Ѓурѓај на средба со Никола Мицевски

Дебар, 5 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, продолжува со средби со партиски и локални функционери во државава, на кои подетално ги информира соговорниците со положбата на Македонците во Албанија и активностите на друштвото.

- На денешната средба со Никола Мицевски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонскиот Парламент, детално го информирав за напорите на нашето друштво во реализација на мисијата, а тоа е заложбата за остварување на легитимните права на Македонците во Албанија. Изразив голема благодарност за одвоеното време и му донирав примероци од весникот „Илинден“, албумот со народни носии на Македонците од сите делови на Албанија, како и примероци од Резолуциите усвоени од ФУЕН, рече Ѓурѓај за МИА.

За средбата објава има и Мицевски, кој ветил поддршка во рамки на можностите и како партија и коалиција.

- ВМРО-ДПМНЕ и ние како пратеничка група на партијата и Коалицијата, даваме силна поддршка и ќе сториме сè што е во рамки на нашите можности да помогнеме за афирмација и зачувување на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонците од Голо Брдо, Гора, Корча и секаде каде што каде што има македонско население во Албанија, наведува тој.

Претходно, како што информираше Ѓурѓај, остварил работна средба со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, на која го информирал за најновите настани поврзани со актуелната положба на македонско национално малцинство во Република Албанија и за активностите на друштвото „Илинден“. вт/ир/

Фото: МД „Илинден“/Мицевски ФБ

Остани поврзан