Претседателка на Молдавија: Уценувачите не можат да бидат наши пријатели
- - Имаме добри односи и со Истокот и со Западот, со сите што ја почитуваат нашата земја. Тие што праќаат валкани пари, кои по цел ден се обидуваат да ни ја дестабилизираат државата, тие што не уценуваат, не можат да ни бидат пријатели, истакна претседателката.
Кишињев, 19 декември 2024 (МИА) - Молдавската претседателка Маја Санду денеска изјави дека Молдавија сака добри односи со сите земји, но нема да ги прифати како пријатели државите кои се мешаат во нејзините внатрешни работи.
„Сакаме Молдавците да одлучуваат за Молдавија, а не парите од Кремљ. Моментално ја сметаме Русија за агресор, изјави Санду, нагласувајќи дека Русија треба да ги повлече своите војски од територијата на Молдавија.
- Мислам дека ова не е чудно барање и секако во моментов ја сметаме Русија за држава агресор и за жал тоа го гледаме секој ден, изјави Санду.
Според неа, Молдавија може да има добри односи со земјите кои ги почитуваат нејзините граѓани. - Имаме добри односи и со Истокот и со Западот, со сите што ја почитуваат нашата земја. Тие што праќаат валкани пари, кои по цел ден се обидуваат да ни ја дестабилизираат државата, тие што не уценуваат, не можат да ни бидат пријатели, истакна претседателката.
Таа повторно ја осуди руската агресија врз Украина и изрази поддршка за украинскиот народ, истовремено барајќи да биде оставена на мир за да го зачува својот суверенитет. ссм/
фото: архива