• петок, 22 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста 2024 кои ја информирале за нивните досегашни активности, како и за идните планови кои имаат за цел подигнување на јавната свест за почитување на различностите, а во контекст на остварување на основните човекови права.

Како што информираат од нејзиниот кабинет, на средбата била посочена неопходноста за градење на инклузивно општество, заштита на маргинализираните заедници, како и предизвиците со кои се соочуваат и беше нагласена потребата од ефективна примена на законите во делот на заштита од дискриминација. сст/лв/

 

Остани поврзан