• недела, 22 декември 2024

Претседателката на Грузија најави дека нема да се појави на рочиштето во Обвинителството

Претседателката на Грузија најави дека нема да се појави на рочиштето во Обвинителството

Тбилиси, 31 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили денеска соопшти дека нема да се појави на сослушувањето во Обвинителството во врска со истрагата за наводното фалсификување на парламентарните избори одржани на 26 октомври.

-Се испостави дека Обвинителството очекува докази и признанија од мене. Треба да биде обратно - истражниот орган треба да бара и да обезбеди докази, како што е случај во секоја нормална земја, рече Зурабишвили, додавајќи дека нема оди во истражната агенција.

Таа рече дека „никогаш не слушнала“ оти истражната агенција бара од претседателот да презентира докази.

-Мислам дека обвинителството мора да работи напорно за да истражи што е на маса... Сите мора ја вршат својата работа Јас ќе продолжам да ја работам мојата должност како претседател и навистина немам намера да одам во Обвинителството, рече Зурабишвили.

Грузиското обвинителство покрена истрага за наводната измама на парламентарните избори, по жалба на Централната изборна комисија (ЦИК). Случајот е покренат поради повреда на тајноста на гласањето, неправилно пребројување гласови или неправилно пресметување на изборните резултати.

Еден од првите лица повикан на распит во обвинителството е претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

-Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, заедно со претставници на одредени политички партии кои учествуваа на изборите, врши неосновани напади врз ЦИК, обидувајќи се да го наруши угледот на таа институција со неосновани обвинувања, се вели во соопштението на ЦИК. мс/

фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан