• сабота, 13 јули 2024

Претрес во село во општина Дебрца, приведено едно лице, пронајдено оружје

Претрес во село во општина Дебрца, приведено едно лице, пронајдено оружје
Скопје, 17 септември 2022 (МИА) - Во село Слатински Чифлик, општина Дебрца, вчера во 15.50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.П.(61) од село Слатински Чифлик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 мм и 23 куршуми за ловечка пушка калибар 12 мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/

Остани поврзан