Претрес во делчевско, пронајдена дрога
- На бул. „Македонија“ во Делчево, ноќеска во 00:10 часот при контрола на патничко возило „голф“, управувано од Ф.К.(20) од село Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис.
Скопје, 1 мај 2025 (МИА) - На бул. „Македонија“ во Делчево, ноќеска во 00:10 часот при контрола на патничко возило „голф“, управувано од Ф.К.(20) од село Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис.
Како што соопшти МВР, сопатникот К.В. (22) од село Драмче, делчевско, самиот на полициските службеници им предал паковка со зелена растителна материја, по што е приведен.
-Во 09: 30 часот, по добиена судска наредба за претрес на дом и помошни простории на Ф.К., извршен е претрес во објекти на две локации во село Звегор, при што е пронајдена кафеава материја и дробилка. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави. дма/
Фото: МИА архива