• среда, 17 јули 2024

Претрес во Велешта, пронајден пиштол

Претрес во Велешта, пронајден пиштол

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - МВР соопшти дека вчера, околу 15.30 часот, во струшкото село Велешта, полициски службеници од го лишиле од слобода А.И.(36). При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени  еден пиштол со  калибар 6,35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6,35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. 

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мч/дма/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан