• петок, 05 декември 2025

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола вчера околу 13 часот во Битола го лишиле од слобода В.И.(24) од село Белче, Демир Хисар, со престој во Битола.

Како што информираат денеска од МВР, при извршен претрес во неговиот дом во Битола, по добиена судска наредба, биле пронајдени  13 паковки со кокаин, 143 таблети екстази, марихуана, дробилки и предмети со траги од растителна и прашкаста материја.

Во домот затекнати биле и М.П.(24) од Битола и М.А.(34) од Битола, кои исто така се лишени од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан