• сабота, 23 ноември 2024

Прес-службата на британскиот премиер ги повика навивачите на Челзи да престанат да го скандираат името на Абрамович

Прес-службата на британскиот премиер ги повика навивачите на Челзи да престанат да го скандираат името на Абрамович
Лондон, 15 март 2022 (МИА) - Прес-службата на британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека навивачите на Челзи треба да престанат да го скандираат името на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Во неделата (13 март), навивачите на Челзи за време на натпреварот од Премиер лигата со Њукасл му дадоа поддршка на Абрамович, кој падна под санкциите на земјата. - Ја препознаваме силата на чувствата на луѓето околу клубовите, но во моментов тоа е сосема несоодветно. Навивачите можат да покажат страст и поддршка за својот клуб на поинаков начин, без прибегнување кон такви работи, велат од прес-службата на Џонсон. На 2 март Абрамович објави дека ќе го продаде Челзи. Подоцна, владата на Британија воведе санкции за бизнисменот. Поради ова, целиот имот на Абрамович на територијата на државата е замрзнат, што го комплицираше процесот на продажба на Челзи. Лондонскиот клуб доби специјална дозвола да продолжи со работа со голем број ограничувања. Тимот не може да врши акции на трансфер пазарот, да ги обновува договорите со сегашните играчи, да продава билети за натпревари на навивачите, со исклучок на сезонските билети. зс/

Остани поврзан