• вторник, 05 ноември 2024

Прес-конференција на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 10 октомври 2021 Со Зоран Заев, дното веќе одамна е пробиено. Со неговите говори, вулгарни зборови и гестикулации кои не доликуваат никако на Премиер, а се дел од неговата секојдневна комуникација тој е навреда и срам за секој човек во Македонија! Зоран Заев е човекот благодарение на кој доживеавме целосно понижување како народ. Човекот кој за својата фотеља и за полнење на џебот на мафијата ни ја менува и распродава историјата од час во час! Токму тој, Зоран Заев, за кој знаеме дека не знае што е срам, денес решил директно да дојде, во очи да не гледа и да не понижува нас, прилепчани! Г-дине Зоран Заев, за човек без срам и чувство не е ни чудно што си дозволува вечер, на одбележувањето на 80 години од започнувањето на антифашистичкото востание и НОБ да дојде да се обрати од Прилеп на прилепчани и на целиот народ во Р. Македонија. Истиот Зоран Заев,кој со месеци не убедува дека бугарскиот фашистички окупатор, против кој на 11 Октомври 1941г. пукнала првата пушка, не бил окупатор, ами администрација во Прилеп и Македонија. Г-дине Заев, Участакот, или Меморијалниот музеј 11-ти Октомври пред кој вечер ќе се обраќате, а е целосно реновиран и реконструиран од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, бил бугарски затвор и со негов напад, со испукување на првата пушка од прилепчанецот Душко Наумоски,токму против бугарскиот фашистички окупатор започнала НОБ од Прилеп. Прилеп и прилепчани нема да Ви дозволиме да ни ја менувате,да ни ја бришете историјата. Оти народ без историја,нема своја иднина. А историјата е толку богата и не опоменува што никако не можете да ја промените,колку и труд да вложувате. Не можете оти Прилеп е град првоборец и град народен херој! Во криптата која е во склоп на Могилата на непобедените се наоѓаат коските на 462 паднати борци од Прилеп. Прилеп е град на Ченто, на Кузман Јосифоски-Питу,на Мирче Ацев, на Кире Гаврилоски и уште многу други херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија! Иако се ова,вложувате максимални напори да го избришете, Ви порачуваме, нема да успеете! Народот на Македонија нема да Ви дозволи! И г-дине Заев, ова вечер е Вашето последно обраќање во Прилеп за што народот на 17-ти Октомври само ќе Ви потврди! Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан