• петок, 05 декември 2025

Пренасочување на товарниот сообраќај кај Долно Блаце

Пренасочување на товарниот сообраќај кај Долно Блаце

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на тешки товарни возила на граничниот премин Долно Блаце, кај бензинската пумпа Дизел е започнато пренасочување на товарниот сообраќај, информира АМСМ.

Во моментов, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан