• петок, 05 декември 2025

Премиерот на Монголија поднесе оставка откако ја изгуби парламентарната поддршка

Премиерот на Монголија поднесе оставка откако ја изгуби парламентарната поддршка

Улан Батор, 3 јуни 2025 (МИА)  - Монголскиот премиер Лувсанамсраи Ојун-Ердене денеска поднесе оставка откако парламентот му изгласа недоверба, се наведува во соопштението на парламентот.

Тајното гласање се одржа по неколкудневните протести во главниот град Улан Батор поради обвиненијата за корупција против монголскиот премиер, јавија британските медиуми.

Ојун-Ердене ќе биде привремен премиер додека не биде именуван неговиот наследник во рок од 30 дена, се додава во соопштението.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан