• недела, 22 декември 2024

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградба на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

Како што информира владината прес-служба, изградбата на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“ траеше 10 месеци. Проектот чини 15 000 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината, додека средства за опремата обезбеди Министерството за социјална политика, демографија и млади.  

Капацитетот на доградбата е за 60 деца и опфаќа 280 квадрати, со две отворени и две затворени занимални, три тоалети, тријажа, чајна кујна и посебен влез со хол.

Во моментот ќе се згрижат децата од најмалата (јаслена) група, но има можност во иднина да се згрижат и деца до шест годишна возраст.

-Со отворање на овој оддел во Општина Илинден се реши проблемот и повеќе нема листи на чекање за згрижување на деца во детските градинки, наведуваат од Владата. мч/са/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан