Премиерот Мицкоски во посета на општина Гевгелија
- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Гевгелија каде ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица.
Гевгелија, 4 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Гевгелија каде ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица.
Булеварското решение со кое Гевгелија се поврзува со автопатот, како што соопштија од владината прес-служба, чини 19 милиони денари и се реализираше во две фази.
Вториот проект на кој ќе присуствува премиеротМицкоски е означување на почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан" во општина Гевгелија, проект во вредност од над 16 милиони денари. цр/дма/
Фото: МИА архива