• недела, 22 декември 2024

Прекин на топлинска енергија во населбата Водно

Прекин на топлинска енергија во населбата Водно
Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) - Дел од жителите во населбата Водно денеска ќе имаат прекин на топлинска енергија поради  дефект на дистрибутивната топловодна мрежа  на улицата „Загребска“, информира БЕГ. Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санирање на дефектот, што се очекува да биде саниран во текот на денот. За повеќе информации потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 3076 200 и 075-400-100. ки/бк/

Остани поврзан