Презентација на резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“
- Во ОУ „Димитар Македонски“ во Општина Аеродром денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“.

Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Во ОУ „Димитар Македонски“ во Општина Аеродром денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“.
Предвидена е пезентација на проектните резултати со фокус на интервенциите во населба Лисиче. Како што е најавено, на презентацијата ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Џеин и постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан. мд/сп/