• четврток, 04 декември 2025

Презентација на нов информациски систем за управување со човечки ресурси

Презентација на нов информациски систем за управување со човечки ресурси

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) -  Министерството за јавна администрација денеска организира презентација на нов модерен информациски систем за управување со човечки ресурси „Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација“. 

На презентацијата ќе присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и министерите за јавна администрација Горан Минчев и за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Целта на новиот информациски систем е да ја унапреди ефикасноста во управувањето со човечките ресурси, а со тоа и квалитетот на работата на институциите во јавниот сектор. свс/лв/


Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан