• петок, 15 ноември 2024

Презентација на Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и извештаи за животната средина

Презентација на Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и извештаи за животната средина
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на кампањата „Разбистри сè“, денеска ќе го презентираат Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи. Како што информираат од Институтот за комуникациски студии, на настанот ќе говорат директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски и раководителот на Одделението за поддршка, аналитика и меѓународна соработка на Инспекторатот, Дарко Блинков. - Начелото на јавност и транспарентност, како и националното и законодавството на ЕУ наложуваат граѓаните да имаат слободен пристап до информациите од јавен карактер во врска со инспекцискиот надзор во животната средина. Со постоење на дигитален регистар на субјекти на инспекциски надзор на државно и локално ниво и база на податоци од спроведените инспекциските надзори, на граѓаните им се обезбедува поголем јавен увид во работењето на инспекциските служби, посочуваат од ИКС. Покрај претставувањето на Дигиталниот регистар, ќе бидат презентирани и активностите од тековното работење на ДИЖС во изминатиот период. Кампањата „Разбистри сè“, кон која се приклучи ДИЖС, ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. фф/сп/

Остани поврзан